Најважните суплементи за жените во средни години – важно е да се воспостави баланс

Хормоналните промени во средни години ги менуваат потребите на женското тело. Дознајте кои суплементи – витамин Д, магнезиум, омега-3 и други – можат да помогнат за здравје и баланс.

Како што жените влегуваат во средни години, потребите на телото се менуваат. Хормоналните промени, намалувањето на естрогенот и послабата апсорпција на нутриенти значат дека одредени суплементи можат да бидат корисни.

Суплементите, односно витамините и минералите како витамин Д, Б12, калциум, магнезиум и железо, го поддржуваат здравјето на коските, мускулите, имунитетот, метаболизмот и мозокот, додека омега-3 масните киселини го намалуваат ризикот од кардиоваскуларни заболувања, пренесува Danas.rs.

Најпрво е важно да се анализира исхраната. Во средни години многу жени жонглираат со обврски и често прескокнуваат оброци или се потпираат на „брзи диети“.

Урамнотежен внес на протеини (1,6–2 грама по килограм идеална телесна тежина), доволно влакна од овошје, зеленчук и интегрални житарки, како и редовна физичка активност, се клучни за зачувување на мускулната маса, коските и општото здравје.

Недостатокот на нутриенти телото често го сигнализира – замор, слабост на мускулите и опаѓање на косата можат да бидат знаци на недостиг од одредени витамини и минерали. Веганките, лицата на рестриктивни диети или оние кои земаат одредени лекови треба да размислат за додатоци, особено витамин Б12, железо и калциум, пишува „Гардијан“.

Најчестите суплементи што се препорачуваат за жени во средни години се:

  • Витамин Д – неопходен за коските, имунитетот и хормоналниот баланс. Минимална доза: 10 микрограми (400 IU) дневно.
  • Магнезиум – за опуштање на мускулите, подобар сон и намалување на стресот.
  • Омега-3 – доколку не јадете масна риба барем еднаш неделно. Го поддржува здравјето на мозокот, зглобовите и кардиоваскуларниот систем.
  • Биотин и колаген – за косата, кожата и зглобовите, особено при намалено ниво на естроген.

Се препорачува да се зема еден суплемент во исто време, да се следат ефектите во период од 4 до 6 недели и да се направи консултација со лекар или фармацевт. Важно е да се напомене дека суплементите не се замена за здрава исхрана, туку дополнување кога телото не може да внесе доволно нутриенти преку храната.

Вистинскиот баланс се постигнува со комбинација од правилна исхрана, физичка активност, квалитетен сон, контрола на стресот и социјална поддршка. Суплементите доаѓаат како поддршка, но само кога навистина се потребни.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни