Екстремните горештини се сериозна закана за здравјето – според Светската здравствена организација, од 2000 до 2019 година дури 489.000 луѓе починале поради проблеми предизвикани од топлотни бранови. Сепак, дел од најжешките градови на планетата се и живи урбани центри кои привлекуваат милиони туристи секоја година.
Атина (Грција)
Главниот град на Грција е еден од најстарите во светот, но и меѓу најжешките населени места во Европа. Температурите таму често надминуваат 37 °C, а рекордната вредност е 48 °C измерена во 1977 година. Недостатокот на зелени површини и големата густина на население дополнително ја зголемуваат жештината.
Индио (Калифорнија, САД)
Сместен во долината Кoaчела, овој град со 89.000 жители има летни температури и над 49 °C. Сепак, останува познат како „град на фестивалите“, привлекувајќи илјадници посетители секое лето.
Феникс (Аризона, САД)
Најтоплиот град во САД со рекорд од 113 последователни денови со температури над 37,8 °C во 2024 година. Со над 1,5 милиони жители, Феникс е доказ дека животот во екстремна пустинска клима е возможен.
Џизан (Саудиска Арабија)
Сместен на брегот на Црвеното Море, Џизан има високи температури преку целата година, дури и во јануари. Со 173.000 жители, градот е познат по историските села и традиционалните пазари.
Шри Ганганагар (Индија)
Овој град во Раджастан достигнува до 49 °C, а во Индија е забележан и рекорд од 52,3 °C во Њу Делхи. И покрај тоа, регионот е важно земјоделско средиште благодарение на Каналот Индира Ганди.
Доха (Катар)
Главниот град на Катар има летни температури од 41 °C во просек, со врвови и над 45 °C. Сепак, милиони туристи годишно го посетуваат овој брзоразвиен регионален центар.
Дарвин (Австралија)
Со тропска клима и просечни температури околу 32 °C, Дарвин е еден од најжешките градови во Австралија. Високата влажност во влажната сезона дополнително ја зголемува жештината, но градот е омилен поради своите природни атракции и уникатна фауна.
Извор: N1info.rs