Најстарата игрална во Скопје ги отвора вратите за најмладите

Игралната има богата програма за развој на децата, која опфаќа читање и обработка на сликовници, ликовна обработка на книги, развој на креативни и моторни вештини, учество на ликовни и креативни конкурси, почетно пишување и математика, одбележување на значајни датуми, настани и празници. Редовно гостуваат најактуелните домашни и странски автори и илустратори за деца кои уживаат во интерактивното искуство и овозможуваат еден поинаков пристап во работата со деца и нивниот развој.

Најстарата игрална во Скопје, игралната во библиотеката ,,Другарче“, која е дел од библиотеката „Браќа Миладиновци“ ги отвора своите врати за упис на најмалите. Игралната започнува со работа на 1 септември, од 12 до 14 и 30 часот, за децата на возраст меѓу 4 и 6 години. Овој простор постои уште од 1989 година, во кој работи библиотекар-педагог, а со секое запишување децата добиваат бесплатно членство во библиотеката „Другарче“.

Фотографии: Фб профил на библиотека ,,Браќа Миладиновци“

Игралната има богата програма за развој на децата, која опфаќа читање и обработка на сликовници, ликовна обработка на книги, развој на креативни и моторни вештини, учество на ликовни и креативни конкурси, почетно пишување и математика, одбележување на значајни датуми, настани и празници. Редовно гостуваат најактуелните домашни и странски автори и илустратори за деца кои уживаат во интерактивното искуство и овозможуваат еден поинаков пристап во работата со деца и нивниот развој.

Повеќе информации може да се добијат на телефонскиот број 02 30 61 551 или во просториите на библиотеката која се наоѓа на ул. Никола Русински бр.1, Карпош 3 (Лептокарија).

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни