10 најпопуларни кучиња од филмови и серии според The Times

Кучињата се меѓу најпопуларните домашни миленици во светот, па не е изненадувачки што често крадат сцени во омилените филмови и серии. Од верни придружници до главни јунаци, нивните улоги остануваат подеднакво запаметливи како и оние на човечките актери.

Британскиот The Times состави листа на 25 најпопуларни кучиња во филмската и телевизиската индустрија. Еве кои се на врвот:

10.⁠ ⁠K-9 (Doctor Who)
Овој роботски придружник патуваше низ времето и просторот со Четвртиот Доктор и Сара Џејн. Иако доби спин-оф серија во 1981, таа не заживеа, но фановите се уште го обожаваат.

 9.⁠ ⁠Brian Griffin (Family Guy)
Бријан е бел лабрадор, интелектуалец и љубител на оперска музика и џез, член на Mensa, кој сепак ги задржува и традиционалните кучешки навики.

 8.⁠ ⁠Gromit
Помошник на изумителот Wallace, овој бигл од стоп-моушн анимација е паметен и умешен, со хобија како шах, чај и читање весници.

 7.⁠ ⁠Beethoven
Бернандинецот Бетовен стана ѕвезда со филмската франшиза од 1992 до 2014, освоил многу срца низ светот.

 6.⁠ ⁠The Littlest Hobo
Германскиот овчар е луталички кученце од телевизиската серија од 1960-тите, кое го менува животот на луѓето каде и да се појави.

 5.⁠ ⁠Muttley (Wacky Races)
Антропоморфен придружник на злосторникот Dick Dastardly, познат по својот специфичен, заглушен смееј.

 4.⁠ ⁠Shep (Blue Peter)
Заигран шкотски овчар, верен партнер на водителот John Noakes и легенда на детската телевизија.

 3.⁠ ⁠Toto (Чаробњак од Оз)
Керн териерот Тото го следеше Dorothy на жолтиот пат од цигли во класичниот филм од 1939, а актерот-пас дури примал и поголема плата од некои луѓе актери.

 2.⁠ ⁠Lassie
Долгодлака шкотска овчарка, најпозната од филмот „Lassie се враќа дома“ и телевизиската серија од 1954 до 1973. Една од најважните кинематографски кучиња.

 1.⁠ ⁠Scooby-Doo
Анимираниот германски дог кој повеќе од 50 години е дел од семејната забава. Со својот тим во комбито Mystery Machine, Scooby-Doo останува вечна икона на телевизиските и филмските кучиња.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни