Ова е најомразената земја во светот за 2026, листата изненади многумина

Нова глобална анализа покажува кои држави предизвикуваат најмногу негативни реакции во светот
World Population Review / Screenshot

И покрај актуелните воени конфликти на Блискиот Исток, новата листа за 2026 година открива дека Кина е земјата што во моментов предизвикува најмногу негативни ставови на глобално ниво.

Податоците, објавени од World Population Review, покажуваат дека перцепциите за земјите не зависат само од тековни настани, туку и од пошироки политички, економски и културни фактори.

Без разлика каде живеат, луѓето ширум светот формираат ставови за други држави, кои често се обликувани од политиките на владите, воените интервенции, економското влијание, но и од културните разлики и однесувањето на нивните граѓани.

Во оваа анализа, Кина се најде на првото место како земја кон која постои најизразен негативен став. Веднаш зад неа се Соединетите Американски Држави, додека Русија е на третата позиција.

Овие три држави веќе подолг период се на врвот на ваквите листи, што аналитичарите го поврзуваат со нивната улога како глобални сили и нивното влијание врз политичките, економските и воените процеси во други земји.

На листата се наоѓаат и земји како Северна Кореја и Саудиска Арабија, кои често се критикувани поради авторитарни режими и состојбата со човековите права. Израел, пак, се најде меѓу првите пет поради контроверзните воени операции.

Меѓу 20-те земји со најнегативна перцепција се и Пакистан, Иран, Ирак, Сирија, Индија, Обединетото Кралство, Јапонија, Германија, Турција, Јужна Кореја, Авганистан, Филипини и Италија.

Иако ваквите листи се базираат на перцепции, тие често ја отсликуваат глобалната политичка клима и односите меѓу државите, кои продолжуваат да влијаат врз јавното мислење ширум светот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни