Најмногу дожд во последното деноноќие наврна во Крушево, најмалку во Велес и Кавадарци

Во изминатите 24 часа најмногу дожд е измерен во Крушево, каде наврнале 34 литри на квадратен метар. Најмалку врнежи имало во Велес и Кавадарци – по четири литри на квадратен метар.

Според податоците на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), значителни количини дожд се регистрирани и во Претор (30 литри), Маврови Анови (28), Лазарополе (23), Прилеп и Пожаране (18), Берово (16), Тополчани (14), Радовиш (12), Струмица и Попова Шапка (11), Виница (10), Тетово и Битола (9), Зајчев Рид – Скопје, Куманово и Гевгелија (8), Ѓуриште (7), Скопје–Петровец и Штип (6), како и Крива Паланка и Демир Капија (5).

Нов бран на врнежи и заладување

Под влијание на нова циклонска активност продолжува периодот на променливо и облачно време со локални врнежи од дожд. Утре и за време на викендот повторно се очекуваат пообилни врнежи – над 30 литри на квадратен метар за 24 часа – локално проследени со невреме, засилен ветер и грмежи.

Од недела се предвидува значителен пад на утринските и дневните температури, а на повисоките планини дождот ќе премине во слаб снег.

Извор: 360 степени

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни