Најмалку тројца загинати од огромни бранови на Тенерифе

Огромни бранови ја погодија шпанската област Тенерифе, при што загинаа најмалку три лица.

Најмалку три лица загинаа откако огромни бранови ја погодија обалата на шпанскиот остров Тенерифе. Несреќите се случиле во саботата на три различни локации долж брегот, пренесуваат локалните медиуми.

„Тргнавме на ручек и застанавме на видиковец над базенот. Одеднаш слушнавме жена како вреска на шпански. Неколку секунди подоцна видовме како брановите се прелеваат преку ѕидовите и влечат луѓе во морето. Беше страшно. Гледавме како луѓето паѓаат во вода, а ние стоевме само 30 метри подалеку и се чувствувавме беспомошно“, изјавил Холмгрен за шведскиот Aftonbladet.

Очевидци сведочат дека минувачи очајнички се обидувале да ги реанимираат настраданите пред да пристигне итната помош.

Весникот El Día пишува дека една од жртвите е 79-годишна жена од Холандија. И покрај брзата реакција на службите, жената починала на самото место.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни