Најмалку седум лица синоќа загинаа, а 27 други се повредени по детонацијата на конфискувани експлозиви во полициска станица во индиски дел на Кашмир.
Поголемиот број од загинатите се полицајци и форензичари, кои ги испитувале експлозивите складирани во полициската станица.
Можно е зголемување на бројот на жртвите со оглед на тоа што петмина од повредените се во критична состојба.
Инцидентот се случи четири дена по смртоносната експлозија на автомобил-бомба во Њу Делхи, при што загинаа најмалку осум лица. Индиските власти нападот го класифицираа како терористички чин.
