Најмалку пет жртви на Филипини, по утринскиот, се случи уште еден земјотрес

Најмалку пет лица загинаа, вклучувајќи двајца пациенти кои починаа од срцев удар во болница за време на земјотресот

Земјотрес со магнитуда од 7,4 степени ги погоди јужните Филипини во петок наутро, при што загинаа најмалку пет лица, предизвика лизгање на земјиштето, оштети болници и училишта и доведе до евакуација на крајбрежните области поради предупредувањето за цунами кое подоцна беше повлечено.

По неколку малку послаби земјотреси, околу 13 часот по средноевропско време следеше уште еден од 6,9 степени според Рихтеровата скала.

оочен со уште една природна катастрофа по смртоносниот земјотрес од 30 септември и двата последователни тајфуни, претседателот Фердинанд Маркос помладиот изјави дека се проценуваат можните штети и дека спасувачките и помошни екипи се подготвени и ќе бидат распоредени кога ќе биде безбедно да се стори тоа.

Филипинскиот институт за вулканологија и сеизмологија соопшти дека се очекуваат материјални штети и последователни потреси по земјотресот, чиј епицентар бил во морето, околу 43 километри источно од градот Манај во покраината Давао Ориентал, а бил предизвикан од поместување во Филипинскиот ров на длабочина од 23 километри.

Најмалку пет лица загинаа, вклучувајќи двајца пациенти кои починаа од срцев удар во болница за време на земјотресот и еден жител кој беше погоден од урнатини во градот Мати во покраината Давао Ориентал, изјави за Асошиејтед прес по телефон Еднар Дајангхиранг, регионален директор на Канцеларијата за цивилна заштита.

Двајца селани загинаа, а неколку други беа спасени со повреди од војници и цивилни волонтери по лизгање на земјиштето предизвикано од земјотрес во оддалеченото рударско село Пантукан во покраината Давао де Оро, во близина на Давао Ориентал, додаде Дајанџиранг.

Заменик-администраторот на Канцеларијата за цивилна заштита, Бернардо Рафаелито Алехандро IV, изјави дека неколку згради имале пукнатини во ѕидовите, вклучувајќи го и меѓународниот аеродром Давао Сити, кој останал во функција и не биле откажани летови.

„Го возев автомобилот кога одеднаш почна да се поместува и видов како далноводите се нишаат силно. Луѓето бегаа од куќите и зградите додека земјата се тресеше и струјата снема“, изјави за Асошиејтед Прес преку мобилен телефон Џун Саведра, службеник за намалување на ризиците од катастрофи во градот на гувернерот Џенеросо.

„Имавме земјотреси и претходно, но овој беше најсилниот“, рече Саведра, додавајќи дека силното тресење на земјата предизвикало пукнатини во неколку згради, вклучувајќи го и едно средно училиште, каде што околу 50 ученици биле однесени во болница со брза помош со модринки, несвестица и вртоглавица предизвикани од земјотресот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни