Најмалку четири лица се повредени по експлозија што предизвика пожар во централниот дел на Утрехт, Холандија, соопштија локалните власти.
Портпаролот на пожарникарите, Сјак Хаснот, за јавниот сервис NOS изјави дека причината за експлозијата сè уште не е позната, а инцидентот се случил во една зграда во градското јадро, пренесува Ројтерс.
Во погоденото подрачје е формирана привремена итна болница за повредените.
