Најмалку 90 загинати во разорни поплави во Виетнам

Најмалку 90 лица загинаа во разорните поплави во Виетнам. Над 186.000 домови оштетени, милиони животни уништени, а властите мобилизираат војска и полиција. Климатските промени носат сè поекстремни невремиња.

Најмалку 90 лица загинаа, а уште 12 се водат како исчезнати поради повеќедневните обилни дождови што предизвикаа поплави и свлечишта во Виетнам, објави BBC.

Виетнамската влада соопшти дека се оштетени 186.000 домови низ целата земја, а поплавите уништиле повеќе од три милиони домашни животни. Владините претставници проценуваат дека материјалната штета изнесува стотици милиони фунти.

Планинската провинција Дак Лак е најтешко погодена, со повеќе од 60 жртви од 16 ноември, пренесува агенцијата AFP.

Низ екстремни временски непогоди

Поплавите се најновиот екстремен временски настан што го погоди Виетнам последните месеци, по тајфуните Калмаеги и Буалои кои удрија во земјата во рок од неколку недели.

Околу 258.000 лица останале без електрична енергија во неделата наутро, а делови од главните автопатишта и железнички линии биле блокирани, соопштија надлежните.

Армијата и полицијата се мобилизирани за помош во најтешко погодените региони.

Владата додаде дека најкритични се пет провинции во јужниот дел на Виетнам и подрачјата кои се протегаат од југот кон централниот дел на земјата.

Премиерот Фам Мин Чин претседавал со итен онлајн состанок во неделата наутро од Јужна Африка, каде што присуствувал на самитот Г20.

Се предвидува дождовите да ослабнат во наредните денови.

Научниците предупредуваат дека климатските промени предизвикани од човековата активност го прават Виетнам многу поранлив на екстремни временски настани, со тајфуни кои стануваат посилни и почести.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни