Најмалку 42 лица загинаа во автобуска несреќа во Јужна Африка

Тешка автобуска несреќа во северна Јужна Африка однесе најмалку 42 животи. Автобусот превезувал државјани на Зимбабве и Малави. Бројот на повредени сè уште не е познат.

Најмалку 42 лица загинаа во автобуска несреќа во планинскиот регион на северна Јужна Африка, соопштија денеска локалните власти, пренесува Асошиетед прес.

Според наводите, несреќата се случила во неделата на автопатот близу градот Луис Тришард, околу 400 километри северно од Преторија.

Владата на покраината Лимпопо во соопштение наведе дека се верува оти автобусот превезувал државјани на Зимбабве и Малави, кои патувале кон своите матични земји.

Покраинската влада не соопшти веднаш колку лица се повредени.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни