Најмалку 20 лица беа убиени во напад извршен во текот на ноќта врз заедница во северна Нигерија, беше објавено денес.
Нападот се случил во ноќта помеѓу недела и понеделник во заедницата Гари Ја Веј во државата Плато, изјави локален претставник, кој не го прецизирала бројот на жртви, но рече дека има убиени и ранети.
Владата воведе 48-часовен полициски час за да спречи понатамошни напади, додаде тој.
Ниту една група не ја презеде одговорноста, но локалните жители за АП изјавија дека многу вооружени лица на мотоцикли пукале на случаен начин низ заедницата.
Ибукун Фалодун, еден од локалните жители, изјави дека е потврдена смртта на 20 лица.
Нападите во државата Плато се дел од долг циклус на насилство во северно-централна Нигерија, каде што конфликтите за земјиште и пасишта меѓу претежно муслиманските сточари Фулани и претежно христијанските земјоделски заедници честопати ескалираат во смртоносни судири.
Исто така, активни се и криминални банди.