Најмалку 20 лица починаа поради снежна бура и леден бран што го зафатија САД

Најмалку 20 лица починаа поради снежната бура и леден бран што зафатија голем дел од САД, со најмногу жртви во Њујорк и Тексас.

Најмалку 20 лица го загубија животот како последица на силната снежна бура и екстремниот леден бран што зафати голем дел од Соединетите Американски Држави, јавуваат американските медиуми.

Најмногу смртни случаи се пријавени во сојузната држава Њујорк, каде од петокот наваму починале осум лица. Дополнителни жртви се регистрирани и во Тенеси, Луизијана, Масачусетс, Канзас и Пенсилванија, пренесува BBC.

Трагичен случај е пријавен и во Тексас, каде 16-годишна девојка загинала во несреќа додека се санкавала, соопшти локалната полиција.

Надлежните служби предупредуваат дека екстремните временски услови и понатаму претставуваат сериозен ризик за безбедноста, особено поради замрзнатите патишта, силните ветрови и ниските температури, и апелираат граѓаните да избегнуваат непотребни патувања

Извор: ТАНЈУГ / BBC

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни