Најмалку 16 загинати во тешка автобуска несреќа на индонезискиот остров Јава

Најмалку 16 лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа со патнички автобус што се случи рано утринава на главниот индонезиски остров Јава, соопштија локалните власти.

Според шефот на агенцијата за пребарување и спасување, возачот на автобусот, во кој имало 34 патници, изгубил контрола врз управувачот, по што возилото удрило во бетонска ограда и се превртело на страна.

Автобусот сообраќал на релација од главниот град Џакарта кон древниот кралски град Јогџакарта, кога се превртел во близина на наплатна станица кај градот Семаранг, во Централна Јава.

„При силниот удар, неколку патници излетаа од автобусот и останаа заглавени под него“, изјави шефот на спасувачката служба.

Полицијата и спасувачките екипи пристигнале на местото на несреќата околу 40 минути подоцна. Таму биле извлечени телата на шест лица кои починале на самото место, додека уште 10 лица им подлегнале на повредите на пат кон болница или по приемот во здравствена установа.

Очевидци за локалните власти изјавиле дека автобусот се движел со голема брзина пред возачот да ја изгуби контролата, изјави началникот на полицијата во Централна Јава, додавајќи дека телата на загинатите се идентификуваат во општата болница во Семаранг.

Според полицијата, возачот бил замена и се здобил со тешки повреди, но бил во состојба да комуницира со лекарите. Истрагата за причините за несреќата е во тек, а возачот ќе биде дополнително сослушан.

Извор: N1info.rs

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни