Најмалку 104 загинати во напади со дронови во Судан, меѓу нив 43 деца

Најмалку 104 лица, меѓу кои 43 деца, загинале во серија напади со беспилотни летала во регионот Кордофан во Судан од 4 декември наваму, соопшти денеска Канцеларијата на Обединетите нации за човекови права.

Високиот комесар на ОН за човекови права, Фолкер Тирк, изрази сериозна загриженост поради понатамошната ескалација на судирите во регионот, каде што се водат борби меѓу Суданската армија, Силите за брза поддршка и Движењето за ослободување на народот на Судан – Север.

Кордофан опфаќа три сојузни држави во централниот и јужниот дел на Судан и претставува едно од главните жаришта на вооружениот конфликт во земјата.

Тирк не прецизираше која страна стои зад нападите со дронови, но нагласи дека во нападите биле погодени цивилни објекти, вклучувајќи болници, градинка и база на Обединетите нации, пренесува Ројтерс.

Извор: N1info.rs

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни