Патувањата со авион стануваат сè попопуларни, но многу патници сакаат да знаат кога има најмалку гужви на аеродромите и кој ден е најевтин за летови. Анализите на податоци од голем број летови покажуваат дека средината на неделата — особено вторник и среда — е период кога аеродромите се помалку натрупани со патници.
Овие денови често нудат и поевтини авионски билети, бидејќи побарувачката е помала за разлика од викендите. Најголеми гужви обично се забележуваат во петок и недела, кога повеќето патници планираат почеток или крај на одмор или викенд патување.
Статистичките податоци укажуваат дека изборот на лет во вторник или среда може да значи не само побрза проверка и помала гужва на шалтерите и безбедносните сектори, туку и значителни уштеди на билетите. Оваа стратегија може да биде особено корисна за луѓе кои често патуваат или сакаат да го оптимизираат својот буџет за патувања.