Најлошата храна што многумина ја јадат секој ден и нејзините последици

Чипсот е една од најнездравите намирници што многу луѓе ја консумираат секојдневно. Дознајте како влијае врз здравјето и зошто треба да го ограничите.

Повремената желба за нешто солено или крцкаво е нормална и дел од секојдневието. Парче торта, кроасан или грицки покрај филм не се проблем сами по себе. Но, опасноста се појавува кога ваквите навики стануваат редовни и кога една намирница тивко почнува да доминира во исхраната, без да сме свесни за нејзините последици.

Според нутриционистите, чипсот е една од најлошите опции што можеме да му ги понудиме на организмот. Тој содржи големи количини сол, вештачки адитиви и ароми, а речиси никакви корисни хранливи материи. Како високо индустриски преработена храна, чипсот не создава чувство на ситост, туку поттикнува прејадување и повторување на истата навика.

Редовната консумација на чипс се поврзува со зголемен ризик од срцево-садови заболувања, покачен холестерол и дополнително оптоварување на црниот дроб. Дел од адитивите што ги содржи се предмет на контроверзии во однос на долгорочните ефекти врз здравјето, а особено загрижува фактот што оваа храна е многу популарна кај младите, кои ја консумираат уште од рана возраст.

Истражувањата покажуваат дека последиците од ваквата храна можат да се појават побрзо отколку што мислиме, па дури и неколку часа по консумирањето може да дојде до нарушувања во работата на крвните садови и метаболизмот. Малите промени во исхраната, како избор на природни и помалку преработени намирници, можат значително да придонесат за подобро здравје на долг рок.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни