Новогодишната магија пристигнува порано во Скопје Сити Мол. Оваа година, празничниот базар носи рекорден број изложувачи – 50 современи занаетчии од цела Македонија – кои во текот на 16 дена ќе го претворат просторот на приземјето во живописна, топла и инспиративна празнична сцена. Посетителите ќе можат да откријат оригинални ракотворби, локални брендови и внимателно создадени празнични подароци, какви што ретко се наоѓаат во редовната понуда.
Од 16 до 31 декември, Скопје Сити Мол повторно ќе стане центар на празничната креативност. Новогодишниот базар, веќе препознатлив по својата уникатна атмосфера, годинава е најголемиот досега: шеснаесет дена исполнети со локална уметност, автентични производи, дизајн, креативни ракотворби и празнични детали што го прават овој период посебен.
Посетителите ќе можат да разгледуваат рачно изработени новогодишни лампиони, сувенири и куклички, накит од челик, кожа, глина и епоксидна смола, како и рачно ткаени и плетени аксесоари. Ќе најдат ароматизирани свеќи, етерични масла, органска козметика, рачно изработени кожни предмети, керамика, дрвени сетови, украсни предмети, аксесоари од волна, постери, магнети, честитки и бележници со скопски мотиви. Љубителите на гастрономијата ќе откријат рачно правени празнични колачиња, еко-восочни обвивки, цветни аранжмани и терариуми.
Базарот е организиран во три изложбени циклуси, а секој трае по пет дена. Во секој циклус учествуваат различни групи занаетчии, што овозможува постојано обновена понуда и нови, свежи креативни изненадувања за посетителите.
Првата група, која ќе изложува од 16 до 20 декември, вклучува брендовите Бамбус, Студио 23, Кендл Дримс, KP Crafts, BOTANIKLY, Candlesby.mary, Матројшка, Лавита Агро, Филигран од срма Софија, Натка препорачува, Sky’s The Limit, Станка Димитрова, ByMimiCosmetics, vbunarovska, Ратка Пертеска, Glow Natural и ARTNOK.
Вториот термин, од 21 до 25 декември, го носи изборот на Woolloow, Јулија Барбун, SIRA leather, Tilia.organica, Девојчето со книгите, Gaia_X, Ателје Сиена, Азсу Аксесорис, Јордан WoodWorker, ЈУНИК КОРНЕР, ArtStudioPleni, Витрум Студио, Тиноски, Crochet by Fosi, Zen.Zeal, Small piece of joy и Cariño handmade gifts and accessories.
Третиот циклус, од 26 до 30 декември, ќе ги претстави Paper room, Модерно Скопје, Бибер и ванила, Solar creations, Монкдолс, Игнеа козметика, Кожарска работилница Карло Хорват, Елена Ристовска, Шарено Ќоше, Coral Jewelry, Marcy_s_handmade, Epoxy handmade by clay, MORPHO, CustomCakes на Бојана Митовска, ЕКО восочни обвивки и Filigree LARGO.
Новогодишниот базар ќе биде отворен и на 31 декември, нудејќи им на последните празнични купувачи можност да најдат подарок во последен момент и да уживаат во исклучително топла, весела и креативна атмосфера што ја создаваат домашните уметници и занаетчии.
