Објавена ранг-листа на најевтините и најскапите европски земји за одење во ресторан: На листата и држави од регионот

Објавена е ранг-листа на најевтините и најскапите европски земји за вечера во ресторан. Северна Македонија меѓу најповолните, Швајцарија најскапа.

Испробувањето на локалната кујна е неизоставен дел од секое патување, исто толку важно колку и посетата на најпознатите знаменитости. Сепак, цените за вечера во ресторан во Европа значително варираат, зависно од земјата и од стандардот.

Истражување спроведено од компанијата FerryGoGo ја анализира просечната цена на вечера во три јадења за две лица, без пијалаци, во ресторан од средна категорија. Резултатите покажуваат големи разлики меѓу европските држави кога станува збор за трошоците за угостителски услуги.

Меѓу најповолните земји се издвојува Северна Македонија, каде просечната цена за ваква вечера изнесува 24,38 евра. Веднаш зад неа е Молдавија со 30,32 евра, како и Босна и Херцеговина со 30,75 евра. Србија исто така се наоѓа меѓу најдостапните, со просечна цена од 38,34 евра, што потврдува дека регионот нуди солиден гастрономски квалитет по прифатливи цени.

На спротивниот крај од листата е Швајцарија, каде вечера за две лица во ресторан од средна категорија чини во просек 107,24 евра. Високи цени се бележат и во Данска со 93,69 евра, како и во Луксембург со околу 90 евра. Меѓу најскапите се вбројува и Норвешка, каде просечната сметка достигнува 89,86 евра.

Разликите во цените ја одразуваат економската состојба, животниот стандард и трошоците за угостителство во поединечните земји, но и понатаму Европа нуди разновидна гастрономска понуда достапна за различни буџети.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни