Најбогатите луѓе во светот 2025: Илон Маск прв на листата на топ 5 милијардери

Илон Маск, Лари Елсон, Џеф Безос, Лари Пејџ и Сергеј Брин се на врвот на листата на најбогатите луѓе во светот според агенцијата Блумберг.

Според најновата листа на американската агенција Блумберг, најбогат човек на светот е сопственикот на компаниите Тесла, СпејсИкс и социјалната мрежа X, Илон Маск, чиј имот се проценува на 449 милијарди долари (388 милијарди евра).

Основачот на компанијата Оракл, Лари Елсон, е на второто место со 297 милијарди долари (256,7 милијарди евра), додека основачот на Амазон, Џеф Безос, е трет со богатство од 265 милијарди долари (229 милијарди евра).

На четвртото и петтото место се коосновачите на компанијата Гугл: Лари Пејџ со 242 милијарди долари (209 милијарди евра) и Сергеј Брин со 226 милијарди долари (195,5 милијарди евра).

Основачот на компанијата Мета, Марк Закерберг, е на шестото место со 220 милијарди долари (190 милијарди евра), додека францускиот милијардер Бернар Арно е седми со богатство од 191 милијарда долари (165 милијарди евра). Арно е единствениот кој не е Американец меѓу 15-те најбогати луѓе во светот.

Основачот на компанијата Мајкрософт, Бил Гејтс, се наоѓа на 15-то место со богатство од 117 милијарди долари.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни