Награди за анимираниот филм „Неми филмови“ на меѓународни фестивали

„Неми филмови“ досега е прикажан на 28 меѓународни фестивали и има освоено седум награди.

Анимираниот филм „Неми филмови“ на Крсте Господиновски освои две нови награди на меѓународни фестивали – награда за најдобар интернационален краток филм на Меѓународниот фестивал за краток филм „Вижн“ во Кемерово, Русија, и Почесно признание на Меѓународниот фестивал за анимиран филм КУАНДУ во Тајпеј, Тајван.

Како што рече режисерот Господиновски, од премиерата на фестивалот Анеси во јуни, „Неми филмови“ досега е прикажан на 28 меѓународни фестивали и има освоено седум награди.

„Ова е втора по ред награда во Русија и втора награда во Тајван, по октомвриската награда на престижниот ТИАФ кој се одржува во Тајчунг. Во септември филмот ги освои Гран-при наградата на Меѓународниот фестивал за анимиран филм „Аниматор фест“ во Јагодина и наградата од домашната публика на Меѓународниот фестивал за краток филм „Ѕирни“ во Скопје“, вели режисерот. 

Филмот е копродукција на „Фокус покус филм“  и „Флипбук продакшнс“, поддржан од Агенцијата за филм на Република Северна Македонија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни