Добитник на престижната награда „Вавилон“ за најдобар млад преведувач, која ја доделува Здружението на преведувачи и толкувачи на Македонија, оваа година отиде во рацете на Марина Иванова.
Иванова признанието го доби на На 7 ноември, во Друштвото на писателите на Македонија, каде се одржа свеченото доделување на наградата „Вавилон ЗПРМ“.
Ова признание, кое го доделува Здружението на преведувачи и толкувачи на Македонија, претставува највисоко одликување во областа на преводот.
Иванова, наградата ја доби за својот превод на извадок од романот „Земјата на живите и мртвите“ од ирската писателка Шона Лолес, покажувајќи високо ниво на јазична прецизност и стилска чувствителност. Според жири-комисијата, нејзиниот превод се издвојувал по оригиналност и доследност на авторскиот тон.
На годинашниот конкурс за наградата „Вавилон“ биле пристигнати 19 преводи од англиски, германски, шпански и словенечки јазик, што уште еднаш ја потврдува растечката заинтересираност и квалитетот на младите преведувачи во земјата.