МОТ 2023

Наградата БИШ за „Кенди“ на Театарот „Златен Елец“

Претставата „Кенди“ во режија на Тамара Стојаноска, на Театар „Златен Елец“ од Скопје ја освои наградата БИШ на фестивалот Млад отворен театар. Ова е втора година како се доделува наградата што е посветена на независната домашна продукција.

Во претставата играат Лео Поповиќ и Бобан Алексоски. За наградата одлучи жирито во состав: Сашо Огненовски, Маја Митиќ од Србија и Доротеа Подолски од Хрватска.

На отворениот повик на фестивалот се пријавија 25 театарски претстави од домашната независна продукција, а на фестивалот беа изведени шест од нив. Наградата е именувана по еден од основачите на МОТ, Љубиша Никодиновски-Биш, кој почина лани.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни