Награда за животно дело за Вилијам Дефо на Сараевскиот филмски фестивал

На фестивалот во Сараево, Дефо ќе одржи и мастерклас каде што ќе го сподели „своето искуство и размислувања за уметноста денес“ со млади таленти, филмски професионалци и публиката на фестивалот

Американскиот актер Вилијам Дефо ќе ја добие наградата „Почесно срце на Сараево“ за неговиот исклучителен придонес во уметноста на киното на претстојниот 31-ви Сараевски филмски фестивал (СФФ), објавија денес организаторите.

Тој им се придружува на Стелан Скарсгард и Реј Винстон, кои исто така ќе ја добијат почеста на фестивалот оваа година.

На фестивалот во Сараево, Дефо ќе одржи и мастерклас каде што ќе го сподели „своето искуство и размислувања за уметноста денес“ со млади таленти, филмски професионалци и публиката на фестивалот.

„Вилем Дефо се враќа на Филмскиот фестивал во Сараево по 25 години, и за нас е голема чест и задоволство да му го доделиме Почесното срце на Сараево“, рече Јован Марјановиќ, директор на Филмскиот фестивал во Сараево. „Неговиот опус е нешто кон кое се стреми секој актер. Секој пат кога ќе застане пред камерата, тој покажува дека е вистински мајстор на својот занает. Без разлика дали глуми во холивудски блокбастер или во нискобуџетен независен филм, неговите ликови се секогаш сложени, емотивни и незаборавни.“

SFF оцени дека со повеќе од 150 филмови во неговата кариера, „Дефо е меѓународно признат актер познат по својата разноврсност, храброст и подготвеност да презема ризици во некои од најзначајните филмови на нашето време“.

„Неговата уметничка љубопитност и потреба да ја истражува човечката природа го водат кон проекти низ целиот свет, од големи холивудски продукции до независни филмови“, нагласуваат од фестивалот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни