Филмот „Дали си маж“ во режија на Ѓорче Ставрески ја освои главната награда од жирито за најдобар филм на Dieciminuti Film Festival (Филмски фестивал 10 минути) што се одржа од 1 до 6 јули во градот Чечано во Италија.
Ова не е прво меѓународно признание за филмот на Ставрески. Во минатите два месеци беше награден исто така на два фестивали во Италија, посветени на на кратките филмови.
Главната улога во„Дали си маж“ ја игра деветгодишниот Данило Ивановски, а во останатите улоги се Душица Настова, Сашко Коцев, Драгана Костадиновска, Александар Микиќ, Анастасија Ласовска, Ѓорѓе Нешковиќ, Лила Милиќ и Мими Таневска-Србиновска. Кастинг директорка е Билјана Драгиќевиќ-Пројковска.
Инаку, филмот се’ уште се прикажува на Ејџ-Би-О.