Награда „Мето Јовановски“ за Извонредно актерско достигнување во уметноста на филмот на фестивалот “Преку езерото“

Во склоп на третото издание на филмскиот фестивал “Преку езерото“ во чест на легендата на македонскиот и балканскиот филм, од ова година ќе се доделува единствена “НАГРАДА МЕТО ЈОВАНОВСКИ, за Извонредно актерско достигнување во уметноста на филмот“. 

„Почитувањето на делата и личностите на оние пред нас, се првата и последната работа што треба да ја направиме за да не почитуваат и оние кои доаѓаат по нас“, велат организаторите на фестивалот.

Во изминатите денови нов мурал со ликот на големиот уметник е насликан на еден од ѕидовите на Кинотеката на Македонија. Токму пред овој прекрасен мурал ќе биде споделено името на првиот лауреат на оваа награда. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни