Нафтата достигна 120 долари – Г7 итно заседава додека берзите се рушат

Министрите за финансии на седумте водечки демократии се состанаа попладнево за координирано ослободување на стратешки резерви. Трамп не гледа проблем: „Мала цена за безбедноста на светот.”

Светските цени на нафтата достигнаа речиси 120 долари за барел денеска наутро – ниво на кое не беа од 2022 година. Поводот е блокадата на Ормузкиот теснец, пат на секој петти барел нафта во светот, по американско-израелските удари врз Иран. Brent во еден момент достигна 119,50 долари, пред да се стабилизира на околу 109 долари попладнево.

Г7 бара излез

Министрите за финансии на Групата на седум денеска свикаа итен состанок за економските последици од конфликтот. На масата е координирано ослободување на нафта од стратешките резерви во соработка со Меѓународната агенција за енергија, пренесе „Фајненшл тајмс”. Три земји-членки, вклучувајќи ги САД, веќе изразиле поддршка за потегот – проценет на 300 до 400 милиони барели.

Ова би бил најголемиот координиран зафат на стратешки резерви од руската инвазија на Украина во 2022 година.

Берзите со остра распродажба

Јапонскиот индекс Никеи 225 го заврши денот со пад од 5,2 отсто. Јужнокорејскиот Коспи падна за шест отсто и во еден момент предизвика 20-минутен прекин на тргувањето. Фјучерсите на американскиот S&P 500 паднаа за 1,7 отсто.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни