Американската вселенска агенција NASA објави дека Van Allen Probe A, сателит тежок околу 600 килограми, по речиси 14 години поминати во вселената, повторно влегол во Земјината атмосфера и сосема согорел над источниот Пацифик.
Надлежните истакнуваат дека ризикот по луѓето е минимален, додека научниците нагласуваат важноста на податоците што сондата ги собра за радијационите појаси околу Земјата.
Целта на мисјата
Сондата Van Allen Probe A беше лансирана за да ги проучува радијационите појаси познати како Van Allenови појаси и да собира информации за космичкото зрачење кое може да влијае на сателитите и астронаутите.
Вратувањето на сондата беше забрзано поради зголемената соларна активност предизвикана од актуелниот соларен циклус, кој достигна врв пред неколку години. За време на влегувањето во атмосферата, сондата сосема согорела, а NASA проценува дека ризикот за луѓето бил практично занемарлив – околу 1 на 4.200.
Вредноста на податоците
Мисијата Van Allen Probe A траеше повеќе од една деценија и им обезбеди на научниците драгоцени информации за однесувањето на радијационите појаси. Овие податоци се клучни за зголемување на безбедноста на сателитите, астронаутите и идните вселенски мисии, како и за разбирање на процесите во магнетосферата на Земјата.
Експертите истакнуваат дека долгорочните мисии се неопходни за истражување на вселената и развој на технологии за идни вселенски летови, особено во периоди на зголемена соларна активност.