NASA најави значајни измени во програмата Artemis, чија цел е враќање на луѓето на Месечината за првпат по повеќе од 50 години.
Наместо директно да се премине кон слетување, агенцијата ќе воведе дополнителна мисија во ниска Земјина орбита, која ќе служи како генерална проба пред патувањето кон Месечината.
Нова стратегија: проба во орбита
Првично, Artemis II требаше да направи облетување околу Месечината и слетување на Месечината
Сега Artemis III (2027) ќе биде пренасочена во ниска Земјина орбита, каде екипажот ќе вежба спојување со лунарен модул и ќе ги тестира интегрираните системи.
Администраторот на NASA, изјави дека не сака долги паузи меѓу лансирањата и дека тестирањето во орбита значително ќе го намали ризикот.
NASA тврди дека конечната цел – слетување во 2028 година – останува непроменета, со можни мисии Artemis IV и V.
Одложување на Artemis II
Мисијата Artemis II, која треба да испрати четири астронаути на обиколка околу Месечината, е одложена поради протекување на хелиум во ракетата Space Launch System и враќање на ракетата во Свемирскиот центар Кенеди за поправки
Најраниот нов термин за лансирање е април, но датумот ќе зависи од техничките работи
Проблеми со лунарниот модул
Клучен предизвик е што модулот за слетување сè уште не е финализиран. Договорот го има SpaceX, која ја развива ракетата Starship. Поради доцнења, NASA побара поедноставен план. Разгледува и опција со Blue Origin, компанијата на Џеф Безос
Можно е вежбата за спојување во Artemis III да се изведе со еден или со двата модули.
Геополитичка трка
САД се под притисок поради напредокот на Кина, која планира да испрати астронаути на Месечината до 2030 година.
И двете земји имаат амбиции да изградат бази на јужниот пол на Месечината, што ја прави оваа програма дел од поширока вселенска и стратешка конкуренција.