Надминете ја далечината кога е во прашање потребата од секс

Истражувањата покажуваат дека паровите се позадоволни од нивните врски кога имаат редовен секс. Но, како да имате секс ако растојанието ве дели од партнерот. Факт е дека  мажите и жените кои се принудени да издржат разделба почнуваат да се чувствуваат несреќно, депресивно и осамено. И почнуваат да практикуваат телефонски секс, или секстинг, бидејќи сакаат да почувствуваат вистински допир.

Сега е претставена нова секс играчка која ќе им го олесни животот на двајца разделени луѓе. Тоа може да им помогне на партнерите истовремено да уживаат во „допирањето“ и да избегнуваат досадна соло мастурбација.

Секс играчката вклучува сет од две единици за мажи и жени. Сензационалниот новитет е решението за оние кои сакаат чувство на заедништво со партнерот. Се состои од два дела – дилдо за жени и уред кој ја имитира вагината за мажи. Се подразбира дека љубовниците ќе ја користат секс-играчката истовремено. Секое движење ќе го почувствува партнерот во реално време – тоа е можно со помош на Интернет, електронските уреди пренесуваат сексуално експлицитни информации.

Оваа секс играчка чини 370 долари.

Извор: telegraf.rs

Најново

Последни колумни