Околу 4,3 милијарди луѓе или 55% од светската популација поседуваат паметен телефон.
Ова се податоците што ги објави Здружението GSM во својот Извештај за мобилна интернет конекција за 2023 година. Според нивните податоци, има 4,6 милијарди корисници на мобилен интернет, од кои 4 милијарди пристап до услуги преку паметни телефони.
Извештајот на GSMA откри нееднаквост меѓу регионите и нивната достапност на мобилен интернет. Дури 69% од сопствениците на паметни телефони во Северна Америка, Источна Азија и Пацификот користат уреди способни за 4G, додека поголемиот дел од корисниците во супсахарска Африка сè уште се потпираат на 3G конекции – слично на Блискиот Исток и Северна Африка, каде што еден во три мобилни корисници сè уште користат 3G интернет.
Растот на користењето на мобилниот интернет не е изненадувачки, но околу 3,4 милијарди луѓе остануваат „надвор од мрежата“.
Според GSMA, глобалниот процент на луѓе кои живеат во области со мобилен интернет, но не го користат е 38%. Јазот во поврзувањето е впечатлив во субсахарска Африка и Јужна Азија, при што 59% и 52% од населението соодветно не користат интернет.
Извор: mondo.ba