Над половина од Европејците и 70 % од Македонците ја поддржуваат ЕУ и нејзиното проширување

Според најновиот Евробарометар, довербата во Европската унија останува силна и стабилна. Над половина од европските граѓани сметаат дека членството во ЕУ е нешто позитивно, а во Северна Македонија дури 70 проценти од испитаниците изразиле поддршка за Унијата и очекување за побрзо интегрирање

Истражувањето покажува дека 53 проценти од Европејците сметаат дека членството во ЕУ е добро за нивната земја, а 62 проценти гледаат придобивки во конкретните политики на Унијата. На прашањето за проширување, над половина (52 проценти) изразиле поддршка за прием на нови членки — бројка што е значајна во контекст на моменталните предизвици со Украина, Западен Балкан и поширокиот европски проект.

Македонија меѓу државите со најдолема поддршка

За граѓаните на Северна Македонија, интеграцијата во ЕУ е одамна стратешка цел. Дури 70 проценти од испитаниците во земјава ја гледаат Унијата како гаранција за подобар животен стандард, слободно движење и стабилност. Тоа ја става Македонија меѓу државите со највисока доверба во европската идеја, иако процесот на пристапување е долг и често блокиран од непринципиелни политички пречки.

Што значи ова за регионот

Фактот дека над половина Европејци го поддржуваат проширувањето е сигнал дека јавното мислење е подготвено за нови членки. За Балканот, тоа е важна порака дека патот кон Брисел е тежок, но не и невозможен. За Македонија конкретно, поддршката на граѓаните може да биде притисок врз домашните и европските политичари да ја забрзаат интеграцијата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни