Над Истанбул се очекува да прелетаат милион штркови кои го попречуваат авиосообраќајот

Фото: hedera.baltica from Wrocław, Poland, CC BY-SA 2.0, via Wikimedia Commons

Јата штркови на небото на Истанбул предизвикувале пореметувања во авио линиите на аеродромот во Истанбул, поради што властите испратиле и официјално предупредување до пилотите и контролата на летање.

Последните денови на небото на Истанбул имало многу штркови, кои поминуваат илјадници километри помеѓу северна Европа и југот на Африка, а турските служби предупредиле дека оваа година, за време на миграциските летови на овие птици, во август и септември се очекува околу милион штркови да прелетаат покрај Истанбул.

Пилотите и контролорите на летови претходно во повеќе наврати ги предупредувале надлежните на јатата штркови кои ги поминуваат воздушните коридори и го загрозуваат авио-сообраќајот.

На снимките од разговорите помеѓу пилотите и контролите на летање често можело да се слушнат предупредувања за големи јата на штркови, кои доколку дојдат во контакт со авионите може да предизвикаат големи штети.

Експертите исто така предупредуваат дека штрковите поради ветерот може нагло да го променат правецот на летање, што ја зголемува опасноста за да се судрат со авионите.

Извор: Б92

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни