Околу 2,3 милиони луѓе останаа без електрична енергија во југоисточно Мексико, што предизвика хаос, особено во туристичкиот град Канкун, соопштија тамошните власти.
Прекинот на електричната енергија траеше четири часа во петокот навечер поради прекин на врските меѓу неколку мрежи, а половина од корисниците во силно погодените области на државите Јукатан, Кампече и Кинтана Ру сè уште се без струја.
„Околу 2,3 милиони потрошувачи беа погодени“, објави Федералната комисија за електрична енергија.
Семафорите престанаа да работат во Канкун, предизвикувајќи прекини во сообраќајот, додека само бизнисите со генератори продолжија да работат.
Телефонската услуга беше во прекин повеќе од два часа во некои делови од градот, кој го посетуваат милиони туристи секоја година.