Над 60 лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа во Уганда

Покрај загинатите, повредени се и голем број патници од сите вклучени возила, кои се однесени во болница

Teшка сообраќајна несреќа се случи на еден од главните автопати во Уганда, пришто животот го загубија 63 лица, потврди полицијата. Трагедијата се случила на автопатот Кампала-Гулу, еден од најпрометните во земјата, пишува Би-Би-Си.

Според полицискиот извештај, несреќата се случила 15 минути по полноќ по локално време. Два автобуси што се движеле во спротивни насоки се судриле челно додека се обидувале да избегнат камион и автомобил. Еден од автобусите одеднаш скршнал за да избегне судир, но со тоа предизвикал „фронтален и страничен судир“ што започнал „верижна реакција“. Во хаосот што следел, другите возила ја изгубиле контролата и се превртеле.

Покрај загинатите, повредени се и голем број патници од сите вклучени возила, кои се однесени во болница во градот Кирјандонго.

Полицијата започна истрага за да ги утврди сите околности на несреќата. Тие ги предупредија возачите да избегнуваат „опасно и невнимателно престигнување“, посочувајќи дека таквото однесување е „една од водечките причини за сообраќајни несреќи во земјата“

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни