Над 500 балони и над 100 илјади посетители се очекуваат на најголемиот фестивал на балони

Секој октомври, Албакерки во Ново Мексико во САД е домиќан на традиционалната „Балун фиеста“, деветдневен настан во кој преку 500 балони го красат небото над градот.
Фото: Drew Geraets/Flickr

Фестивалот започнал во 1972 година со само 13 балони, но со текот на годините прераснал во најголемиот фестивал на балони во светот, пред „Grand Est Mondial Air“ во Франција и „León International Balloon Festival“ во Мексико.

Фестивалот во Албакерки започнал како прослава за 50 години постоење на радиото 770 КОБ, кога менаџерот на радиото побарал од локалниот летач на балони да му помогне со прославите. При разговорите тие одлучиле да истражат колку најмногу балони летале на едно место, па откриле дека тоа било 19 во Англија.

Тие договориле 21 балон за прославата која била во април, меѓутоа поради лошите временски услови се собрале само 13, а на настанот присуствувале над 20 илјади луѓе кои дошле од сите околни сојузни држави.

Следната година Албакерки бил домаќин на Светкото првенство во летање балони, а фиестата станал меѓународен настан. Во 1975 година светкосто првенство повторно се одржало повторно таму, но овој пат настанот бил закажан за октомври, па и фиестата била преместена тогаш за да одговара со датумите на првенството.

Оттогаш овој фестивал се одржува секоја година, но и интересот за него станувал се поголем. Најмногу регистрирани балони имало во 2000 година, дури 1019, по што организаторите одлучиле да го ограничат бројот на 750 од 2001 година, фокусирајќи се на квалитет пред квантитет. Овој лимит беше намален на 600 во 2009 година, но повторно вратен на 1000 во 2011 година.

На фиестата секоја година, покрај големиот број на балони присуствуваат и по околу 100 илјади посетители од сите околни држави на Ново Мексико.

Оваа година организаторите најавија дека ќе има барем 16 нови форми на балони кои за прв пат ќе се појават на фестивалот, кои доаѓаат како претставници од различни држави.

Најново

Последни колумни