Над 50 повредени и десетици исчезнати во пожар во фабрика во Јужна Кореа

Во моментот на пожарот во фабриката работеле околу 170 луѓе, а 14 се уште се водат како исчезнати, соопштија властите

Над 50 лица се повредени а десеттици од нив се во тешка состојба откако пожар избувна во фабрика за автоделови во Јужна Кореа.

Според тамошните медиуми, пожарот избувнал околу 13:17 часот по локално време во објект во Мунпјеонг-донг, Дадеок-гу. Противпожарните власти го засилиле одговорот за неколку минути, издавајќи тревога од Фаза 1 девет минути по првичниот извештај и зголемувајќи ја на Фаза 2 пет минути подоцна.

Во 13:53 часот, властите издале наредба за национална противпожарна мобилизација поради загриженост за големи жртви, распоредувајќи повеќе од 90 возила и околу 200 лица. Хеликоптер од Корејската шумска служба беше исто така испратен да помогне во напорите за гаснење на пожарите.

Според последните информации (15.30 часот по локално време) 55 лица се повредени, од нив 24 се сериозно а 31 со полесни повреди. Повеќето се повредени по вдишување токсични гасови или паѓање од зградата, соопштија официјални лица.

Во моментот на пожарот во фабриката работеле околу 170 луѓе, а 14 се уште се водат како исчезнати, што предизвикува загриженост дека бројот на жртви би можел да се зголеми.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни