Најмалку 50.000 сириски државјани го напуштиле Либан бегајќи од израелските напади, соопшти Меѓународната организација за миграции на Обединетите нации. Според организацијата, бројката најверојатно е и поголема бидејќи во неа не се вклучени луѓето кои ја напуштиле земјата вчера, откако Израел нареди евакуација на целото население од јужните предградија на Бејрут, пренесува Ал Џезира.
Пред падот на сирискиот претседател Башар ал Асад минатата година, Либан беше засолниште за повеќе од еден милион сириски бегалци кои побегнале од граѓанската војна во својата земја.