Шумските пожари што беснеат во Турција се проширија во населбите во западната покраина Измир и на други места, објавија турските власти во понеделник. Во Измир се оштетени околу 130 куќи и згради. Во Билеџик има повеќе од 60 оштетени куќи и 20 штали.
Министерот за внатрешни работи Али Јерликаја објави дека повеќе од 50.000 луѓе се евакуирани од Измир, јужната покраина Хатај и Билеџик. Во Измир, спасувачките екипи гасеа пожари цела ноќ, а 21 лице доби лекарска помош, според министерот за земјоделство Ибрахим Јумакили.
Силните ветрови дополнително го отежнуваат гасењето, а во западната покраина Маниса пожарот се гаси веќе трет ден по ред.
Од петок до недела низ целата земја избиле 263 пожари, од кои 259 се ставени под контрола. Во гасењето само во Измир учествуваат над 1000 лица.
Причината за пожарите сè уште не е утврдена.