Над 4.400 прекршоци за една недела: Брзото возење и натаму доминира во „Безбеден град“

МВР со нови податоци од „Безбеден град“: 4.490 прекршоци за една недела. Најмногу казни за брзо возење и 148 изречени забрани за управување.
Слика од камерите
Photo: Screenshot

Во периодот од 9 до 15 февруари 2026 година, преку системот „Безбеден град“ на подрачјата каде што се поставени камери низ градовите и долж Коридорите, регистрирани се вкупно 4.490 сообраќајни прекршоци.

Според податоците од Министерството за внатрешни работи, тоа претставува намалување од 10 проценти во споредба со првата седмица од февруари, кога биле евидентирани 4.991 прекршок.

Брзината останува главен проблем

Од вкупниот број прекршоци, дури 4.297 се однесуваат на управување возило со брзина поголема од дозволената.

Регистрирани се и:

  • 33 прекршоци за минување на затворен сигнал (црвено светло)
  • 160 прекршоци за управување возило со измината важност на сообраќајната дозвола

Во истиот период изречени се 148 мерки „забрана за управување со возило“, што е намалување од 48,6 проценти во однос на претходната недела.

Од нив:

  • 33 забрани се поради минување на црвено светло
  • 115 забрани се поради брзо возење

Од прекршоците за брзина:

  • 99 случаи се за брзина поголема од 80 км/ч во населено место
  • 12 случаи се за пречекорување на ограничувањето за повеќе од 10 км/ч
  • 4 случаи се за брзина поголема од 170 км/ч во ненаселено место

Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите со цел зголемување на безбедноста на патиштата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни