По земјотресот со јачина од 4,8 степена во 21:58 часот вчера, до 7 часот утрово се регистрирани вкупно 221 потреси, од кои повеќето со јачина над 3, а посилните со 4,2 и 4,3 степени според Рихтер, соопшти Дирекцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД).
Засега нема извештаи за штети или други последици од сеизмичката активност.
Геологот проф. д-р Окан Тујсуз за НТВ изјави дека моменталната состојба не укажува на ризик од нов силен земјотрес. – Не се очекува голем земјотрес во овој регион, ниту пак раседот би предизвикал посилен потрес по земјотресот од 6,1 степен. Нема причина за паника, рече Тујсуз, препорачувајќи граѓаните да не влегуваат во оштетени домови. Според него, вторичните потреси може да продолжат подолго време.