Над 200 британски пратеници бараат премиерот Стармер да признае палестинска држава

Двеста дваесет и еден пратеник од девет политички партии претставени во Долниот дом со 650 членови доставија писмо до Страмер

Точно една третина од британските пратеници го повикуваат британскиот премиер Кир Стармер да ја признае палестинската држава, по примерот на францускиот претседател Емануел Макрон, кој вети дека ќе го стори тоа за време на годишната сесија на Генералното собрание на ОН.

Двеста дваесет и еден пратеник од девет политички партии претставени во Долниот дом со 650 членови потпишаа писмо во врска со ова, упатено до лабуристичкиот премиер Страмер и неговиот министер за надворешни работи, Дејвид Лами.

„Иако признаваме дека Обединетото Кралство нема моќ да создаде слободна и независна Палестина, признавањето од страна на Обединетото Кралство би имало значително влијание поради нашите историски врски и нашиот статус како постојан член на Советот за безбедност на ОН. Затоа повикуваме да се преземе тој чекор“, велат пратениците во своето писмо.

Иницијативата ја покрена пратеничката од Лабуристичката партија, Сара Чемпион, претседателка на парламентарниот Комитет за меѓународен развој.

Засега, нема реакција од кабинетот на Стармер по однос на иницијативата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни