Над 20 илјади посетители, врвни уметници и докажани театарски куќи дел од 64. „Охридско лето“

Над 800 врвни уметници и докажани театарски куќи од 24 земји, но и многубројна публика го одбележаа 64-то издание на фестивалот „Охридско лето“. Гледалиштата на Античкиот театар, црквата Св.Софија, предворјето на Св. Софија, Долни Сарај, и Центарот за култура беа исполнети до последно место, а тоа ни дава за право да кажеме дека понудивме квалитет со кој го оправдавме епитетот на препознатлив и единствен Фестивал, истакна на денешната прес конференција по повод свеченото затворање на годинешното издание, директорката Наташа Поповиќ.

Поповиќ ја изрази својата гордост за рекордната посетеност на годинешното „Охридско лето“, со повеќе од 20 илјади љубители на музиката и театарот. Карти за многу настани беа распродадени, а најголема побарувачка имаше за отворањето и затворањето на фестивалот. Античкиот театар, со капацитет од 2,5 до 3 илјади места, беше преполн, а и другите сцени беа максимално исполнети.

Taa ја истакна важноста на одржувањето на високите стандарди и богатата традиција на фестивалот, кој повеќе од половина век е симбол на врвната уметност и театар. Иако управувањето со таква манифестација бара многу труд и посветеност, тој ја изрази својата благодарност до селекторките Бисера Чадловска и Сања Арсовска, како и до целиот тим на „Охридско лето“, кој професионално се справува со сите предизвици.

Поповиќ ја нагласи поддршката од Претседателот на државата, Министерството за култура, Општина Охрид, како и спонзорите и амбасадите, кои придонесоа за успехот на фестивалот. Со 13 дипломатски вечери оваа година, фестивалот го зацврсти својот статус како меѓународна културна платформа, а како дел од Европската Фестивалска Асоцијација, „Охридско лето“ ќе продолжи да ги негува високите културни вредности.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни