Повеќе од 2.000 универзитетски професори во Србија ги поддржаа со јавно писмо студентите кои ги блокираат факултетите во нивните протестите и барања. „Почитувани граѓани на Србија, ние, наставниците, соработниците и истражувачите на универзитите во Србија одлучно стоиме до своите студенти во заедничката борба за подобро општество“, порачаа професорите на универзитетите во Србија во заедничкото писмо.
Тие ги осудија обидите на власата да ги заплашат студентите со тоа што јавно ги обелоденија нивните приватни податоци, ширејќи невистини за нив, како и праќање полициски служеници и агенти на БИА (Безбедносно информативна агенција) на нивна и адреса на нивните родители. Повторно апелираме кон надлежните органи свесно и одговорно да си ја извршуваат својата работа, порачуаат професорите. Студентите во Србија повеќе од еден месец ги држат во блокада повеќе од 60 факултети во 4 универзитетски центри во Србија. Тие бараат објавување на комплетната документација во врска со падот на натстрешницата на Железничката станица во Нови Сад, кога загинаа 15 луѓе, отфрлање на кривичните пријави против студентите и активистите уапсени на протестите по несреќата, како и стопирање на постапките. Власта ги осудува протестите и блокадите, тврдејќи дека студентите се политички интруирани, така што опозицијата насилно се обидува да ја сруши власта.