Откако познатиот македонски рапер, продуцент, поп и хип-хоп пејач Марко Маринковиќ-Слаткар, познат под сценското име Слаткаристика на Инстаграм сподели видео на кое е со модро око и истото стана вирален хит, сега е позната и причината како се случило тоа.
Новата песна со видео спот на Слаткар за само еден ден надмина над 14.000 прегледи и скоро 1000 лајкови. Ваквите бројки прогнозираат дека „Don Peri“ ќе се вброи во една од најпознатите песни на Маринковиќ.