Во соопштението се посочува дека ваквите податоци претставуваат намалување во споредба со 2019 година кога загадување во нивната околина пријавиле 15,1 отсто од жителите на Унијата.
Најголема стапка на пријавени проблеми поврзани со загадување на животната средина е регистрирана во Малта од 34,7 отсто, по што следуваат Грција со 20,5 и Германија со 16,8 проценти.
Од друга страна, најниска стапка на пријавени еколошки проблеми се регистрирани во Хрватска од 4,2 проценти, пред Шведска од 5,0 и Словачка од 5,8 отсто.
Податоците на Евростат укажуваат и дека изложеноста на загадување, нечистотија или други еколошки проблеми зависи од степенот на урбанизација. Така, проблеми со загадувањето пријавиле 6,8 отсто од жителите на руралните средини, 10,5 проценти од населението во помалите градови и предградијата и 17,2 отсто од оние што живеат во поголемите градски центри.