Над 11.000 домаќинства без струја во Запорожје по руски напад врз инфраструктура

Руски напад погоди инфраструктурен објект во Запорожје, оставајќи повеќе од 11.000 домаќинства без електрична енергија. Според локалните власти, нема пријавени повредени.

Повеќе од 11.000 домаќинства во два округа на Запорожје останаа без електрична енергија по руски напад врз инфраструктурен објект во градот, соопшти шефот на Запорошката воена администрација, Иван Федоров.

„Непријателот погоди инфраструктурен објект во Запорожје. Според првичните информации, нема повредени лица“, напиша Федоров на Телеграм, пренесува украинската агенција Укринформ.

Според него, нападот предизвикал прекин во снабдувањето со струја во повеќе од 11.000 домаќинства во два градски округа. Екипи на терен работат на утврдување на штетата и на што побрзо враќање на електричната енергија.

Запорожје и понатаму е честа цел на напади врз енергетската и цивилната инфраструктура, особено во зимски услови кога ваквите прекини дополнително ги отежнуваат животните услови на населението.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни