Повеќе од 100 навивачи на италијанскиот клуб Рома биле уапсени во Ница, поради обид да предизвикаат инциденти во градот пред фудбалскиот натпревар меѓу двата клуба во Лигата на Европа.
Како што објави „RMC Sport“, безбедносните камери помогнале да се пресретнат навивачите кои се приближувале кон стариот град во Ница. Полицијата запленила железни шипки и месингани боксерки.
Префектурата Ница соопшти дека уапсила 102 лица, идентификувани како „вооружени ултраси на Рома“.
„Полицијата ги запре тие лица и го заплени целото оружје“, се вели во соопштението.
Локалните власти изјавија дека околу 400 полицајци ќе се грижат за јавниот ред, дека ќе има забрана за консумирање алкохол на улиците, а ноќните клубови во областа ќе се затворат порано.
Натпреварот меѓу Ница и Рома се игра вечерва во 21:00 часот.