Оваа година се очекува тридневниот фестивал да ги собори сопствените рекорди, бидејќи се продадени над 100 илјади влезници. Љубителите на аниме на фестивалот доаѓаат облечени во своите омилени ликови од светот на јапонската анимација и видео игрите.
I’m at a con called anime New York City the line to get in took forever x-x pic.twitter.com/76t7fyD3zL
— 🖤🖤 animenyc 🎉🗽 (@_eap1995_) August 23, 2024
„Постојано излегуваат нови аниме серии, нови ликови, нови светови. Американската публика го сака тоа што го прави Јапонија во смисла на забава и аниме индустрија. Свежо е, забавно и никогаш не е исто. Секој може за себе да пронајде нешто ново“ нагласува една посетителка на фестивалот.
Посетителите исто така додаваат дека облекувањето како своите омилени ликови им дава самодоверба, бидејќи истовремено може да бидат некој друг, но и тие самите.
„Се дружам со луѓе кои исто така сакаат да носат костими и имаме прилика да разговараме за нашите најомилени жанрови“ вели друг посетител.